Шон Конери со можна порака за сите над 50 години: Од ова зависи дали ќе бидете стари и несреќни!

Фото: profimedia

Шон Конери со цитат за сите над 50 години! Ќе ве мотивира да се движите и да сфатите колку е магичен животот...

Дали сте свесни колку неверојатни и одлични можат да бидат 50-тите? Децата пораснаа, се соочивте со сите љубовни дилеми, почнувате повеќе да се посветувате. Можеби повеќе отколку што некогаш сте имале шанса.

За жал, многу луѓе влегувањето во 50-тите години го толкуваат како старост. Но, тоа е голема заблуда. Стареењето е состојба на избор, зависи од нашиот дух, не од брчките, седата коса или некој килограм вишок. Познатиот актер Шон Конери има интересен цитат кој може да инспирира многу средовечни луѓе:

„Некои стареат, некои созреваат“.

Целата тајна за среќен живот по вашиот 50-ти роденден може да се скрие во овој краток цитат. Староста е факт, а страдањето во однос на староста е веќе избор. Вие избирате дали цел ден ќе седите пред телевизор во фотелја или ќе шетате надвор и ќе дишете чист воздух; вие избирате дали ќе се изолирате или ќе излезете со пријателите; ваш избор е дали сакате да останете сами или да најдете нова љубов: „од вас зависи дали ќе почекате да се пензионирате или дали ќе сакате да напредувате во кариерата...“

Шон Конери вели дека изборот да бидеме стари е наш избор. И навистина е! Доколку овој период го гледате како зрелост, ќе сфатите дека сте во голема предност. Сè зависи од вашите желби, соништа и амбиции. Вие избирате како ќе изгледа исходот во вашиот живот.

Изберете радост и самољубие. Тогаш вашите 50-ти години ќе бидат неверојатни!


Извор: sensa.mondo.rs