Сезоната на крлежи започна: Како да се заштитите додека сте во природа – „Не треба сами да ги отстрануваме“

Поради велигденски празници се очекува подолг престој во природа каде е зголемен бројот на крлежи кои граѓаните не треба сами да ги вадат доколку забележат каснување, туку да пријават во најблиската здравствена установа.

По враќање од природа треба да се направи самопреглед на телото и дека крлежите најмногу сакаат топли и скриени места, наборите на вратот, пазувите, косата, колената и лактите.

Важно е да се следи местото на каснување во следниот месец бидејќи првите симптоми не мора да се појават веднаш, а црвенилото кое обично се појавува прво може да се појави и во следниот месец.

Здравствените работници советуваат да се носи светла облека, длабоки патики, долги чорапи, за да имаат што помал простор да дојдат во контакт со телото.

Доколку не се појави црвенило, постои можност за висока температура, малаксаност, болки во зглобовите или некаков невролошки проблем и нагласува дека во такви случаи треба да се обратите на лекар.

Не треба сами да го отстрануваме крлежот. Не треба да се натопува со алкохол, бензен, ацетон или гас. Сè што можеби се сметало за неопходно пред многу години, не правете го сега. Не го допирајте и не го натопувајте, туку контактирајте го најблискиот Здравствен дом за да може медицинскиот персонал правилно да го отстрани. Лошото и непрофесионално отстранување на крлежите ја зголемува можноста за зараза. Откако ќе се отстрани крлежот постоиможна анализа, за да се испита дали е заразен.

Некои лаборатории ги прават анализите. Кога ќе се отстрани крлежот, се става во солен раствор или во обична вода и се носи на анализа дали е заразен со бактеријата која предизвикува Лајмска болест.

Извор: Ona.telegraf.rs