Македонските ѕвезди од 90-те кои траат и денес ги отпеаја најголемите хитови: Неповторлива ноќ и спектакл во Скопје

„Ноќна кралица“, При очи ти си слеп“,„Мачка со 9 животи“,„Се е против нас“, „Прашина“, „Обиди се“... Се пееја вчеравечер во еден глас во спортската сала „Јане Сандански“ од бројната публиката која присуствуваше на концетотот „99 мегаѕвезди“.

Водители на настанот беа Марјана Станојковска и Игор Џамбазов, а од „зелената соба“ настанот го водеа и поранешните водители на „99 акција“ Мартин Трпчевски и Миа Костова.

На сцената настапија голем број музички ѕвезди од 90-тите кои оставија голем белег во македонската музика, а нивните хитови се уште се слушаат. Некои од овие пејачи се дел од музичката сцена, додека пак малкумина од нив одамна не се дел од музичкиот свет.

Искра Трпева, Кристина Арнаудова, Ристо Самарџиев, Бени од „Нон стоп“, „Куку леле“, Наде Талевска, Ламбе Алабаковски, Тони Зен, Александар Тарабунов, Александар Ристовски-Принц, Мила Николовска-Ѓумар, дуото „Дис“, Ивона Јо,  Дарко Гроздановски и мн. други ја забавуваа публиката неколку часа, а на големо изненадување на сите Сара Мејс ја отпеа „Ноќна кралица“ во отсуство на Ерзана.

Овој настан се покажа како доста успешен, не потсети на едно време кога музичката сцена не беше голема но и тоа како беше почитувана и вреднувана.

Ви пренесуваме дел од атмосферата преку фотографии:


Фото:Вангел Т.

Елеонора А.