СЕГА ДОБИЈА ВИСТИНСКА ВАКЦИНА: Десеттина бебиња од вкупно 600 примија БСЖ

Министерката за здравство Даница Грујичиќ изјави дека денеска првите бебиња ја примиле вакцината БСЖ која штити од туберкулоза, откако беше објавено дека наместо вакцина, на Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК) Народен фронт има 600 бебиња кои наместо таа вакцина добиле физиолошки раствор.

Грујучиќ за Српската радио-телевизија изјави дека околу 90 семејства денеска добиле известување, а вакцината ја примиле десет деца.

„Одреден е просторот, одредени се лекарите кои ќе се јават кај родителите. Денеска 90-тина семејства добиле известување, десет деца веќе ја примиле вакцината во болницата „Народен фронт“. Сите белградски деца таму ќе ја примат вакцината“, рече таа.

Министерката рече дека се информирани сите родители кои живеат надвор од Белград, од нив околу 90, како и директорите на здравствените домови и секундарните здравствени домови на кои територијално припаѓаат овие деца и додаде дека вакцината ќе почнат да ја примаат од понеделник.

Грујичиќ истакна дека бебињата кои го примиле физиолошкиот раствор не се изложени на ризик и додаде дека вакцинацијата на тие деца ќе се врши во наредниот период, а секој четврток ќе објавува колку деца ја примиле потребната вакцина.

Извор: faktor.mk