Кејт Мос никогаш не користела хероин: Страшно ме нервираат гласините дека се дрогирам

Британскиот супермодел и една од најуспешните манекенки на сите времиња, драстично го промени својот животен стил и веќе со години е трезна, а гласините за нејзината тешка зависност од херион, ја нервираат најмногу до сега

Кејт Мос (50) e на вистинскиот пат од опоравување, но таа се жали дека злите јазици секогаш се слушаат.

- Никогаш во животот немам користено херион. Се продаваа маички со натписи `Кејт е наркоманка` и уште многу лоши работи ми се случувале во врска со оваа ситуација. Дојдов до степен каде што си кажав дека можеби навистина би било подобро да сум на херион –рече таа.

Кејт Мос најмногу се прослави во девдесеттите години, а во 2005-та година компанијата “H&M” го раскина договорот со нејзе поради обвинувањето дека поседува наркотични средства.

Во тоа време, Кејт беше во врска со британскиот рокер Пит Доерти (40). Иако тврди дека никогаш немала проблеми со тешките дроги, таа беше на рехабилитација од алкохол во тоа време.

- Мислев дека алкохолот ќе ме спаси, се наоѓав во многу лош период. Целиот начин на функционирање на мојот живот ме правеше несреќна, а алкохолот во тоа воопшто не ми помагаше. Побарав помош кога сфатив дека немам повеќе контрола над мојот живот – изјави Кејт искрено.

Нејзините пријатели тврдат дека Кејт моментално е нова жена и многу подобра верзија од самата себе, како и тоа дека одлучила да се фокусира на своето здравје многу повеќе, особено после прераната смрт на некои од нејзините најблиски пријатели. 

Фокусирана, професинална и витална, сите и се восхитуваат колку добро и оди во животот без алкохол, дружењето со ќерка и која и е најголем поддржувач и успешна манекенка. 


Фото. Инстаграм