СЕ ЗАПАЛИ „МИНИ КУПЕР“ ВО ВОЛКОВО, ЕДНО МОМЧЕ ЗАГИНА: Со огромна брзина удрило во камен, страшна сообраќајка

Во страшна сообраќајна несреќа во Волково, едно момче загинало, а друго со тешки повреди е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Како што пишува „Плус инфо“, според нивни информации, несреќата се случила откако двете момчиња кои се возеле во „мини купер“ со голема брзина удриле во камен кај маркет ,,Гаџо“, при што автомобилот се запалил. Едно од момчињата починало на самото место.

Подетално читајте на Фактор тука.