Се венчаа во црква по 54 години брак: Љубовната приказна на пар од Србија е пример за сите млади

фото: instagram printscreen/Nezavisne novine Rasinskog okruga

Има ли уште такви љубови кај помладите генерации?

Далечната 1968 година, во општина Александровац, пред матичар се венчаа Латинка Живковиќ од Гаревина и Радомир Бачевиќ од Кожетин. И деновиве, по 54 години брак, тие ја направија својата црковна венчавка пред олтарот на црквата Кожетина.

Во кругот на семејството, оваа двојка се заколна и пред Бога дека љубовта која трае шест децении ќе биде официјализирана и со круни на главите, пишува Независне новине од областа Расин.

Радомир е роден 1942 година, додека Латинка е родена 1948 година и работниот век го поминала како сметководител. Раја пак како фудбалер и голман на ФК Жупа и страстен ловец го освои срцето на Латинка и заедно ги имаат синовите Предраг и Ненад. Сега се двајцата пензионирани.


Црковната венчавка беше залиена со галилејско вино од Ерусалим.

Трпение, толеранција, почит - ова се само дел од квалитетите кои го зачувале и обновиле овој брак.

Има ли такви љубови кај помладите генерации денес?

извор:тelegraf.rs

Заљубени и по 70 години брак: Погледнете како бабичка го враќа во живот саканиот - нема кој не заплакал на оваа глетка (ВИДЕО)