Се смирија на Божиќ: По изговорените зборови следеше пресврт - Јелена Карлеуша објави заедничка фотографија

Нивната рапсравија беше тема на векот...

Деновиве сите домашни медиуми пишуваа за тоа дека постои некаков конфликт меѓу Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша. Овие шпекулации станаа јавни откако пејачките повеќе не се следеа на Инстаграм.

Тие две со години беа во добри односи и заедно беа дел од жирито на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“. Сепак, се чини дека сега ќе се смират и тоа токму на Божиќ.

Јелена објави фотографии на Инстаграм кои се создадени претходната година, а потоа сподели и слика со Марија.

За потсетување, новинарите во една прилика ја прашаа Марија дали Јелена и честитала за албумот „Долази љубов“, а таа објасни каков однос имале.

- Јелена не ми сед јави и претпоставував дека ќе ме прашаш тоа. Да ставиме крај на ова засекогаш: Немам ни најмал проблем со Јелена Карлеуша, ако има, мислам дека сите треба да го знаеме тоа. Ова е мојот единствен одговор - нагласи Марија.

Јелена за време на едно интервју не негираше дека се скарале.

- Марија знае дека сум лута, само се преправа, но сега нема да зборуваме за тоа, претстојат празници - изјави неодамна Јелена.

Јелена еднаш јавно и честиташе на Марија Шерифовиќ за раѓањето на нејзиниот син, кој го доби со помош на сурогат мајка.

- Се уште не сме се слушнале, но планирам да и се јавам и да и честитам. Знаев за нејзиниот план многу пред тебе и пред да ја објави добрата вест. Бидејќи јас сум единствената што не кажува ништо дури и кога е лута, сакам јавно да и честитам. Знам дека ќе биде прекрасна мајка и знам колку го сакаше тоа. Верица ќе биде прекрасна баба. Таа заслужи да има внуче и да биде среќна - изјави Јелена.

Фото:Инстаграм