„Само ку*вите одат на психијатар, за чесните жени депресијата е нормална состојба“: Сандра Силаѓев го „здрма“ Скопје

Актерката Сандра Силаѓев вчеравечер по втор пат ја исполни салата на Филхармонија до последно место. Со монодрамата „Дејт“ речиси цели 2 часа ја смееше публиката глумејќи ја средовечната госпоѓа и самохрана мајка Оливера Живковиќ која оди на закажан состанок, но додека го чека нејзиниот потенцијален партнер да се појави, таа разговара на телефон.

Сандра на хумористичен и ироничен начин ги претстави сите теми од секојдневието, од чекање медицински резултати, преку значењето на бракот и вечната љубов, мајчинството, должината на фустанот и висината на потпетиците,  па се до тоа дали е подобро да се биде платена или неплатена домаќинка, како самохрана мајка го дои своето бебе и оди на работа во исто време…

Освртот дека сите оние жени кои имаат свое „Јас“, кои знаат што сакат, заработуваат свои пари, знаат да кажат „Не“, имаат достоинство, внимателно го одбираат партнерот, не дозволуваат лош однос... се ку*ви, додека домакинките кои молчат и се преправаат дека се е во ред, а всушност се гушат во своето незадоволство растргнати на сите страни, се добри и чесни жени, доби најсилен аплауз...

Женски магазин ја следеше претставата и навистина сме воодушевени од српска актерка која на крајот поентираше:

-Само ку*вите одат на психијатар, за чесните жени депресијата е нормална состојба. Само ку*вите љубат туѓи мажи. Чесните жени не ги љубат ниту своите. Само ку*вите се среќно дебели, чесните жени имаат хормонски дисбаланс. Само ку*вите носат очила, чесните жени криви очи. Само ку*вите се самозадовлуваат, чесните жени никогаш не се задоволни...,изјави Силаѓев.

Сандра успеа одлично да го пренесе сето тоа што всушност, денешните луѓе се срамат да го признаат.

Громогласниот аплазу беше доказ дека публиката навистина одлично се забавуваше, а Сандра со вулгарноста и едноставната реторика кои ги користеше како инструмент за прикажување на двојните стандарди кои се наметнуваат пред се на жените, ги воодушеви сите.

Елеонора А.


Фото: instagram/sandrasilagjev/eleonoraa.