„Сакам да посвојам дете“: Ќерката на Владе Дивац, Петра проговори за семејството - Секогаш велев дека ќе имам три или четири деца

Ќерката на Владе и Ана Дивац, Петра, во една гостинска емисија откри дека би сакала да има големо семејство...

Ќерката на познатиот кошаркар Владе Дивац и неговата сопруга Ана, Петра Дивац наполни 25 години, а бидејќи веќе подолго време е во стабилна врска со Михајло Веруовиќ, откри дека планира да основа семејство.

Петра пораснала во хармонично семејство, опкружена со вниманието и љубовта и на нејзината мајка и татко, како и нејзините постари браќа Лука и Матија, а родителите ја посвоиле кога имала шест месеци, а сега открила дека би сакала да „има четири деца“, како и дека со задоволство би посвоила дете.

„Сакам да бидам родител и би сакала да имам и биолошки и посвоени деца“, изјавила Петра во емисијата и додала: „Ние сме тројца и секогаш велев дека ќе имам или две или четири деца. Секогаш кога Лука, Матија и јас се расправавме кога бевме помлади, еден од нас секогаш губеше“.

Петра откри дека нејзините родители никогаш не ги разделиле:

„Ги добив и сите лекции кои Лука и Матија, кои се седум, односно четири години постари од мене. Мајка ми често знаеше да ми каже: Па, добро, зошто ти треба да одиш по подолг пат? Виде како тие поминаа, можеше да научиш нешто од тоа. А јас и одговорив дека сум некој што мора да доживее се на своја кожа. Би посвоил дете секако. Сметам дека моето посвојување е среќна приказна. Мајка ми ме научи да бидам благодарна што бев посвоена, односно што секогаш имав семејство“, рече Петра Дивац во телевизиска емисија.

Фото: Инстаграм
Извор: Mondo.rs