Родителството во 40-тите години е посвесно, и во мојот случај подобро: Актерката Данијела многумина ја осудуваа дека доцна се остварила како мајка

Српската актерка Данијела Врањеш проговори за својата бременост по 40-тата година и откри зошто смета дека годините имаат голема предност за породување, иако многумина ја осудија дека доцна се остварила како мајка.

Актерката Данијела Врањеш (48) пред 5 години стана мајка на девојчето Ема. Се породи на 43-годишна возраст, и тогаш беше мета на бројни коментари на луѓе кои ја осудија дека доцна забременила, иако на актерката никогаш не ѝ било јасно зошто ја осудуваат.

View this post on Instagram

A post shared by Danijela Vranjes (@vranjesd)


- Не разбирам зошто луѓето толку многу се мешаат. Го живеам истиот живот како и моите колешки ширум светот. Сите тие изгледаат подобро и помладо од мене, а ако сакаат и раѓаат деца, но само кај нас во јавноста жените се третираат како чудо ако „доцна“ се пораѓаат - објаснува Данијела за Style и додава дека и Моника Белучи го имала своето прво дете на 43, а второто на 48 години.

- Не се подготвував да бидам мајка. Никогаш не ни помислував дека ќе станам мајка и таа тема не ме оптоваруваше. Се дружев, патував, живеев неоптоварено и без размислување дали ќе се омажам и ќе имам дете. Тоа е голем камен на сопнување за луѓето. Многу деца се раѓаат во погрешни врски, бидејќи се бркаат потомството и бракот. Исто така, се упропастуваат бројни прекрасни врски бидејќи паровите не можат да имаат деца, па одат на ин витро оплодување, психата на жената се распаѓа од хормони, па потоа и врската. Се' што се форсира не е добро – изјави еднаш актерката за Стајл, и рече дека ќерка ѝ пристигнала на свет во вистинското време.


-Родителството во 40-тите е посвесно и во мојот случај подобро. Не сум нервозна мајка, не сум исплашена, желна за живот, забава. Подготвена сум за моето дете. Јас сум доволно паметна и зрела за да проценам што му треба на моето дете и затоа Ема е толку прекрасно и мирно дете. Таа е многу хармонично дете, расте во искрена и природна средина. Јас и Игор сме далеку од совршени родители, но ние сме природни и зрели“, изјави актерката и додаде дека бременоста во петтата деценија сепак донела некои предизвици за неа.

Актерката се чувствувала одлично за време на бременоста, но поради годините, нејзината бременост се сметала за ризична, па морала да остане во болница бидејќи тоа го налагале правилата.

- Јас бев единствената на тоа одделение што немав никакви проблеми, а сите други девојки со ризична бременост беа на возраст од 25 до 30 години. Сакам да кажам дека ризикот нема врска со возраста, туку зависи од жената и нејзиното здравје. Жал ми е само што не се породив по природен пат, но не сакавме ништо да препуштиме на случајноста - изјави Данијела.


извор:najzena

5 реченици кои секоја ќерка мора да ги слушне од таткото: Искрените разговори со тато остануваат во нашите сеќавања во текот на целиот живот