РЕЦЕПТ: Мафини со лимон и јагоди

Јагода и лимон сте пробале? Ммм мене ми се одличен спој. Овој пат решив да пробам да направам мафини со оваа комбинација но со најминимална можна количина на какво било брашно. И успеав. Крцкава кора и сочна внатрешност. Ќе зажалите ако не ги пробате … Следете ме и сигурно ќе успеете во тоа.

Потребни состојки за 12 мафини

2 јајца (М)

50гр. Кафен или кокосов шеќер

1 Лимон

50гр. Путер

150гр. Јагоди

100гр. Спелтино брашно (може и обично)

1 кап (cup) Овес -цели зрна не мелен

1 лажичка сол (2гр.)

10гр. Прашок за печива

2-3 капки Ванила

• Потрудете се да мерите точно и прецизно. Доколку печете во силиконски калапи нема потреба од хартиени корпи за мафини.

Рерната вклучете ја на 205 степени. Во тава за мафини ставете хартиени корпи и измерете ги состојките. Најпрво во сад помешајте ги брашното,солта и печивото. Во друг сад изматете ги со рачна маталка јајцата и шеќерот некаде околу една минутка да почне да пени.


Потоа изрендајте ја кората од лимонот и исцедете го истиот лимон во смесата. (Внимавајте на семките. Промешајте да се соединат па додадете ги јагодите ситно исечкани (свежи или смрзнати изборот е ваш). Повторно промешајте а потоа додадете ги сувите состојки и овесот соединете ја целосно смесата и додадете го путерот претходно растопен.


Со лажица за сладолед распоредете ја смесата во 12 мафини. Одозгора наросете малку овес и кафен шеќер и на печење. Печете 5 мин на 205 степени а потоа рерната намалете ја на 180.


Тајната за убави воздушести мафини всушност лежи во овој трик со температурата на рерната. Една шолја од вашето омилено кафе е совршена комбинација со овие појадок/ужина мафини.



За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ