Први официјални фотки од венчавката на Тифани Трамп: Невестата во блескава венчаница, Меланија Трамп - скромно облечена

Американските медиуми ги објавија првите фотографии од раскошната свадба на Тифани Трамп, помладата ќерка на екс-претседателот на САД, Доналд Трамп.

Невестата избра венчаница од модната куќа Ели Сааб, кој го дизајнираше и костумот на младоженецот.


View this post on Instagram

A post shared by WWD (@wwd)


Тифани Трамп (29), помладата ќерка на поранешниот американски претседател и супербогат Доналд Трамп, вчера се омажи за милијардерот Мајкл Булос по две и пол години врска.


На венчавката Меланија Трамп беше облечена во пудра боја фустан кој не беше многу наметлив и свечен, додека стоеше покрај поранешната сопруга на Доналд, Марла Мејплс.

фото:profimedia


View this post on Instagram

A post shared by LEEN (@the_trendyfashion)


Насмеана, опуштена и среќна - Меланија уживаше во венчавката, која можеше да се види и за време на првиот танц на Тифани и Мајкл. Кога младенците излегоа на подиумот, набрзо им се придружија Доналд и Меланија.

Иванка Трамп пак изгледаше прексрасно во небо сина тоалета.

фото:profimedia