Познатиот фраер ја гази 6-тата деценија, а со еден потег ги „вознемири“ жените: Објави фотка на која е како од мајка роден

Метју Меконахи на дело покажа дека годините не му можат ништо!

Метју Меконахи неодамна го прослави својот 53 роденден, но неговиот изглед со годините станува се подобар, помажествен и посекси според мислењето на многу дами! Сепак, овој холивудски заводник не дозволи славата да го промени, напротив. Тој го користи својот величенствен актерски талент на вистински начин - спојувајќи неверојатни улоги и успеси, но и помагајќи им на луѓето на кои им е многу потребна помош.

Имено, миленикот на жените е голем активист, има своја хуманитарна организација, а во 2021 година ја доби титулата филантроп на годината. Желбата да им го направи животот поубав и полесен на другите произлегува од фактот дека ниту неговиот пат до успехот не бил лесен – морал да се бори со бројни проблеми и препреки.



А сега овој светски шармер ги потсети обожавателите на својата позната слика од младоста на која е целосно гол! На фотката тој позира пред фрижидерот само со тегла кисели краставички. Повод за повторно објавување на оваа фотографија беше токму Светскиот ден на туршијата.


Иако Меконахи сакаше само да се пошегува на своја сметка, со овој потег разбранува бран дами ширум светот, кои уште еднаш се уверија во неговата привлечност и неодолива харизма. На сите им стана јасно како бил и останува згоден дечко, а веројатно и неостварена фантазија на многу жени од понежниот пол!

Жените буквално „полудеа“ на социјалните мрежи, а само дел од коментарите се: „Жешко“, „Посакувам да ја сликав оваа фотографија“, „Кој ја исече оваа фотографија, ме вознемирува“, „Штета што не те гледаме цел“, „Колку е привлечен овој човек“, „Кога ќе кажат дека мажот го има тоа нешто, мислам на тебе“, се само дел од коментарите. Меѓутоа, кога рефлекторите се исклучени, Метју е многу посветен на својата сопруга - актерката и модел Камила Алвес, со која е во брак 10 години, како и на нивните деца Вид, Леви и Ливингстон.



извор: stil.kurir.rs


Беше најубавиот холивудски шмекер, а остаре преку ноќ: Нови фотографии од познатиот оскаровец Метју Меконахи поради кои сите се во неверување