Познатата водителка ослабе 60 килограми и покажа како изгледа кожата кога едно тело ќе се „стопи“

По неверојатната трансформација, таа гордо се соблече во бикини.

Водителката Шанел Хејс ја започна својата кариера како модел, а подоцна учествуваше во бројни британски реални шоуа. Таа беше позната по рекламите кои ги снимаше за долна облека и костими за капење, но Шанел одамна се прости од конфекцискиот број 34 и призна дека храната и била како дрога во одреден период од животот.

View this post on Instagram

A post shared by Celebrity Weight Loss (@celebrityweightlossnews)



За време на првата бременост во 2011 година, Хејс многу се здебели, а килограмите продолжија да растат и по бременоста, откако се разведе од тогашниот сопруг, па утехата ја најде во храната.



За три години од големината 34 премина на 46 - се здебели дополнителни 40 килограми.

Шанел прво се обиде да го реши проблемот со вишокот килограми со липосукција, но тоа беше само привремено решение. После тоа продолжила да тренира и ја исфрлила мрсната храна од исхраната, па конечно успеала да се ослободи од вишокот килограми.

„Храната ми беше како дрога, особено кога бев во депресија. „Никогаш не бев задоволна со својот изглед, дури и кога носев 34-та големина“, изјави таа во едно интервју.

View this post on Instagram

A post shared by iCelebTV (@icelebtv)



Сепак, Шанел го роди своето второ дете во 2017 година и повторно се здебели во таа бременост. Набргу по породувањето, таа се стави на диета, која е позната и како диета на славните и успеа да ослаби многу, но потоа сè повторно тргна надолу.

Потоа се одлучила за операција на желудникот, а во следните две години ослабела дури 57 килограми.

Шанел неодамна ги покажа резултатите од оваа операција на одмор, кога гордо се шеташе во жолт костим за капење.

View this post on Instagram

A post shared by Chanelle Hayes (@chanellejhayes)



Од овие фотографии можеме да забележиме дека водителката успеала многу да ослабне, а иако вишокот кожа како резултат на постојаниот јо-јо ефект е очигледен, изгледа дека на Шанел тоа не и пречи. Браво, девојче!


ФОТО:  Profimedia