Понекогаш она што ти го мисли роднината, непријателот не го ни помислува: За роднинските токсични односи

Еден е животот за да се живее онака како што некоја тетка, втора братучетка или кој и да е, мисли дека треба да се живее.

Вашиот ум и психа ќе ви се заблагодарат ако се оддалечите од токсичните членови на семејството и сè сведете на минимум средби и контакти.

Семејните врски можат да бидат најсилните врски што ги имате во вашиот живот, се разбира кога станува збор за здрави семејни односи. И не, тука не мислиме на мајката, таткото, туку на најблиските и блиски роднини - баби, чичковци, тетки, братучеди и слично... 

Нашите постари милуват да кажат дека порано имало некаков ред и дека постарите се почитувале, сега од овој агол на гледање на ситуацијата, работата била во тоа што младите молчеле и не го кажувале своето мислење, туку само им климале со глава на постарите.

Сега е друго време, младоста е друга и ретко кој веќе трпи манипулација и слободно може да се каже - лоши луѓе, колку и да се крвно блиски.

На сите ни е познато: „Ги бираш пријателите, ги толерираш роднините!“ или „Пријателите можеш да ги бираш, роднините не!“

Кога ќе пораснеш во огромно семејство, навикнат си дека е нормално постарите членови од семејството да бидат повикани за секоја глупост, проблем, ситуација. Дека тие се свесни за секој сегмент од товјот живот (или барем мислат дека се) без тоа да го сакаш.

Повторно, ова не е ваша вина, туку вина на родителите, кои се навикнати на таков патријархален систем на односи.

Но, она што најмногу ги боли роднините е кога не го почитуваш нивното мислење и не ги слушаш, зошто „тие ти мислат добро“.

Една девојка раскажува:

- Кога отидов во град, да живеам сама, сите скокнаа, нормална ли, како се осмелува, како смее...

Кога ќе погледнам малку поблиску, во очите на моите роднини, секогаш ме сметаа за „лудата“, за бунтовничката, за „ох, паметна е колку што е убава“... Ми кажуваа кога бев во моите тинејџерски денови, дека јас сум таа што еден ден ќе скршне од вистинскиот пат...

Не е за џабе кажано дека ОНА ШТО ТИ МИСЛИ РОДНИНАТА, НЕПРИЈАТЕЛОТ НЕ ГО НИ ПОМИСЛУВА.

Кога ќе се случи да погрешат со нивните прогнози, сепак ќе продолжат со други приказни, манипулации, дека не било баш така, и други веќе познати реченици.

Можам само да му се заблагодарам на Бога за моите здрави родители на кои не им беше грижа што ќе кажат роднините и што веруваа и веруваат во мене и покрај сите подеми и падови.

Во текот на мојот живот запознав луѓе и ќе запознавам такви кои секогаш ќе ги избирам за себе, за моето срце и душа. Кои ме прават искрено среќна, кого искрено го радувам, без лажни насмевки и дволичност.

Верувам дека таквите роднински токсични односи ќе продолжат и дека апсолутната комуникација никогаш не може да се прекине. Но, она што е важно е да им поставите граници и едноставно да не ги регистрирате нивните коментари, претпоставки и „добри“ намери.

Еден е животот за да се живее онака како што некоја тетка, втора братучетка или кој и да е, мисли дека треба да се живее.

извор:najzena