Почина таткото на Џенифер Анистон: Не биле во добри односи бидејќи ја оставил мајка ѝ, му прости, а сега се збогуваше од него со трогателни зборови

Џенифер Анистон со трогателни зборови се прости од најважниот маж во нејзиниот живот

Актерката Џенифер Анистон објави дека нејзиниот татко починал на 89 години во петокот, а таа се прости од него со емотивна порака

Џенифер Анистон (53) и нејзиниот татко не беа во добри односи од нејзината деветгодишна возраст, кога Џон Ентони Анистон ја остави мајката на актерката, што таа никогаш не можеше да му прости.

Меѓутоа, по почетокот на пандемијата, во 2020 година, тие го обновиле контактот и оттогаш се слушале секој ден, но за жал пред неколку дена нејзиниот татко ја загубил животната битка.

Како што сподели актерката на Инстаграм, нејзиниот татко починал на 11 ноември, но тој си заминал тивко и без болки.

Анистон сподели серија заеднички фотографии и со трогателни зборови се прости од него.

- Драг тато. Џон Ентони Анистон. Ти беше еден од најубавите луѓе што ги познавав. Толку сум благодарна што замина во мир, без болка. И тоа на 11.11. Секогаш имаше совршен тајминг. Тој број ќе има уште поголемо значење за мене. Ќе те сакам до крајот на животот. Не заборавај да ме посетиш – напиша таа.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)


извор:GLOSSY