Ова никој не го заслужува: Сопругот ја оставил сопругата откако дознал дека таа нема да може да има деца

Маж ја оставил сопругата откако дознал дека има рак на јајниците и поради тоа нема да може да има деца. Тој објави се‘ на една социјална мрежа каде предизвика негодување кај корисниците.

Ненадејната болест може да биде тешка за секого, особено кога се работи за нешто сериозно. Еден човек неодамна на Reddit ја објави својата реакција на веста дека неговата 32-годишна сопруга има рак на јајниците и дека нема да може да има деца. Верувајте, не би очекувале ваква реакција.

Тој вели дека се‘ започнало со повик од итната медицинска помош.

„Во петокот на мене (33) ми се јавија од Итна помош дека сопругата (32) е таму поради болки во пределот на матката. Бев на службен пат, но се вратив во недела пред таа да се разбуди.

Наскоро дојде и докторот. Мојата сопруга ми рече да останам со неа. Докторот рече дека има рак на јајниците. Таа почна да плаче. Молчев затоа што не знаев што да мислам.

Сопругата праша што значи тоа за неа, а докторот рече дека ќе ѝ треба целосна хистеректомија, отстранување на јајниците и јајцеводите“.

Приказната е навистина трагична, особено кога се работи за толку млад човек. Како реагирал сопругот? Не, тој не бил тажен ниту се обидувал да ја утеши својата сопруга. Тој станал многу лут, пишува Littlethings.com.

„Скокнав од столот. Докторот ми рече дека нема да може да има деца, а по години обиди помислив дека конечно ќе имаме семејство. Бев обземен од гнев, не поради болеста, туку гнев поради тоа што ја молев да имаме деца од мојата 26-та година, но таа сакаше да поработи на својата кариера. И, наместо сега да основаме семејство, не ни знаев дали ќе остане истата жена со која се оженив, дали последната заедничка слика ќе биде последен пат кога ќе се сеќавам на нејзината убавина, младост и безгрижност. Затоа што жената пред мене веќе беше друга личност“.

Интересно е што човекот во овој тежок момент се свртел само кон себе и својата болка.

Неговата сопруга знаела дека ќе му биде тешко.

„Ме фати за рака и ми рече дека ќе се бориме и дека можеме да посвоиме. Ја свртев главата и излегов надвор. Сè уште го имав куферот во автомобилот, па отидов во хотелот. Не знаев дали ќе биде отпуштена од болница или што ќе се случи.

Потоа истакна дека малку се смирил во хотелот и разбрал што мисли и чувствува за се‘ и како треба да реагира.

Набрзо му се јавила бабата (мајката на неговата сопруга) и му рекла дека не мора да се враќа дома.

Мажот потоа се свртел кон Reddit за да сподели повеќе од своите чувства. Добил различни коментари, од кои многу говореа дека неговата сопруга заслужува подобар сопруг од него. Корисниците се обидоа да го убедат дека не се работи само за неговите чувства и дека таа е повеќе од инкубатор и дека е вознемирувачки што тој само ја гледа така.

Некои од коментарите гласат:

„Треба да се вратите назад. Запомнете го заветот „во здравје и во болест“. „Престанете да бидете млак и биди нормално човечко суштество“.

Еден корисник дури му рекол да не се враќа бидејќи болните од рак подобро закрепнуваат кога се опкружени со позитивни влијанија, а тој сигурно не бил.

Се појавија и следните коментари:

„Имате право да тагувате поради она што можеше да биде, но не можете да ја напуштите сопругата во најлошиот момент од нејзиниот живот и да играте жртвата“.

Многумина дури нагласија која била првата реакција на жената:

„Фактот што една жена реклс дека ќе посвоите откако слушнала дека има рак, бидејќи знаела дека тоа е единственото нешто за што ќе се грижиш, ми го крши срцето. Не ја заслужуваш“.

Не знаеме што се случило потоа, но едно е сигурно - оваа приказна носи моќна лекција за тоа како да се сака, а како да не се сака.


Фото: unsplash

Извор: новиживот