Откриена причината за смртта на манекенката Татјана Патиц: Жените во 80 отсто од случаите се спасуваат на време ако ги воочат симптомите

Татјана Патиц почина на 57-годишна возраст по битка со ракот на дојката, а во продолжение дознајте како изгледаат симптомите на оваа болест.

Татјана Патиц, познатата манекенка и супермодел која беше член на славната петорка со Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон, почина на 57-годишна возраст. Прогласена е за една од најубавите жени на светот, а ја доби и титулата за најмистериозна манекенка. Нејзиниот агент им откри на медиумите дека Татјана се борела со рак на дојка, болест која секоја година погодува околу милион жени ширум светот.

Ракот на дојката се јавува кога некои клетки во градите почнуваат да растат и се размножуваат без контрола и може да се рашират низ телото. Најчесто се открива со чувство на израстоци или згуснување во градите, но понекогаш може да се манифестира со промена на обликот и големината на дојката или појава на секрет од брадавиците. Исто така, постојат некои други знаци кои можат да укажуваат на рак на дојка, како што се збрчкање на кожата на дојката, вдлабнатини и отекување на брадавиците, крварење, осип на брадавицата, градите и во пределот на пазувите.

Красеше преку 200 насловни страни, долго го криеше љубовниот живот: Приказната на најмистериозната манекенка Татјана Патиц

Раното откривање и лекување дава поголеми шанси за излекување, а вообичаени методи за рана дијагноза се самопреглед на дојката, професионална палпација на дојка и мамографија. Превентивните прегледи се од клучно значење, поради што на жените им се советува еднаш месечно да ги самопрегледуваат градите.

Постојат неколку видови на рак на дојка:

Најчест е дукталниот карцином на дојката. Тој е предизвикан од малигна трансформација на клетките на каналите на млечната жлезда.

Лобуларниот карцином на дојка произлегува од клетките на лобусите на млечната жлезда и многу често се развива билатерално, во двете дојки истовремено.

Воспалителниот карцином е најретката форма на рак на дојка. Се карактеризира со појава на оток, црвенило, а зафатената града е топла на допир.

Ако ракот на дојката се дијагностицира во раните фази, 70 до 80 проценти од пациентите имаат шанса за трајно илекување. За потсетување, битката со оваа болест ја загубија и Марина Туцаковиќ и каратистката Снежана Пантиќ.


ФОТО: Profimedia