Отиде на зголемување на усните и заврши во болница: Поради алергиска реакција, станаа три пати поголеми! (ФОТО)

Басија Квери морала да прими адреналин, бидејќи имала алергиска реакција поради филери во усните

Многу девојки сакаат да имаат полни усни, па често се одлучуваат да инјектираат филери. Во повеќето случаи, ако се работи професионално, не би требало да има проблем. Меѓутоа, понекогаш не се работи ниту за професионализам, туку за тоа како вашето тело го „толерира“ производот.

Басија Квери (24) од Лас Вегас отишла на третата инјекција на филер за усни на почетокот на овој месец. Меѓутоа, за неколку минути нејзините усни почнаа да отекуваат и станаа три пати поголеми.

Отиде во болница каде лекарите констатираа алергиска реакција. Веднаш доби инјекција адреналин, кој ѝ го забрза отчукувањата на срцето, ѝ го подигна притисокот и го запре стегањето на дишните патишта. Поголемиот дел од отокот сега го нема, но нејзините усни сè уште се многу модри.

Како што изјави, нејзиното семејство било толку исплашено што решила повеќе да не ги става филери во усните.

Еве како изгледаше:



Извор: informer.rs