Осум години без Витни Хјустон: Болен детаљ кој јавноста не го знаеше

Поминаа осум години од смртта на легендарната пејачка Витни Хјустон, а нејзините фанови се’ уште бараат одговори на многу прашања. За нив, особено болен беше еден детаљ од животот на музичката дива кој долго време се криеше од јавноста, се’ до документарецот на режисерот Кевин Мекдоналд во кој нејзини блиски луѓе раскажаа шокантни детали од детството на пејачката. 

Таа била сосема мала кога станала жртва на сексуално насилство од братучедот Ди Ди Ворвик, инаку американски пејач, доста респектиран во светот на аренби музиката.

Витни Хјустон почина на 48-годишна возраст. Беше пронајдена во бессознание во бањата на хотелот во кој присуствуваше ден пред доделувањето на Греми-наградите.