Зошто ова лето да носите модели од вискозна плетенина: Удобност за топлите денови

Јули е почеток на летната сезона, и воедно еден од најтоплите месеци во годината. Но и покрај високите температури, важно е  да се чувствуваме убаво во својата кожа, каде и да сме.

Но како да ја уживаме секојдневната радост и како да се чувствуваме удобно во својата кожа? Тоа што ние можеме да ви предложиме, а сигурно ќе ви помогне е како да го одберете вистинското парче облека кое ќе ви го донесе најпријатното чувство на свежина и удобност ова лето.

Изложени сме на секакви понуди во бутиците и не знаеме како да го одбереме вистинското парче облека за топлите летни денови, ние би рекле, одберете некој модел од вискозна плетенина. Зошто?

Вискозата е природен материјал. Самиот факт што во некои земји ја викаат „свила на модерното време“ доволно зборува за тоа дека се работи за материјал кој е исклучително пријатен за носење, а на нашето тело му дава чувство на свежина во текот на целиот ден.

Летен фустан

Вискозата е идеална за летниот период затоа што нејзината најголема предност е што не ги затвора порите на телото, дозволува кожата да дише, а од друга страна е материјал кој не бара многу време и енергија за одржување.

Вискозната плетенина на „Линеа“ во својот состав секогаш содржи и одреден процент на еластин, што овозможува облеката лесно да се адаптира на телото и да доминира чувството на удобност кога се носи токму ваква облека направена од вискозна плетенина.

Принт или еднобојно?

Моделите од вискозна плетенина можат да бидат во принт или еднобојни, а каков модел би одбрале вие, најмногу зависи од намената и приликите во кои ќе се носи, ова се нашите совети:

- Совршен избор се за дневни модни комбинации, затоа што со овие модели лесно и едноставно ќе ги извршувате сите дневни активности.

- Моделите од вискозна плтенина се идеални дури и за деловен аутфит,  во моменти кога ви е битна удобноста на вашето работно место во канцеларијата, а немате некои многу важни деловни состаноци.

- Вискозната плетенина треба да биде прв избор и кога сакате да уживате во вечерните прошетки низ град или покрај езеро.

Што се однесува до боите и дезените, предлагаме да ја преферирате еднобојната за маици, затоа што лесно се комбинираат и даваат современ монохроматски изглед или двобоен изглед на избалансирани бои, додека во принт можат да бидат или маици или фустани, кои идеално ги сокриваат сите недостатоци на вашето тело, а ги истакнуваат облините.

Совршен фустан за ова лето

За крај, дали ќе одберете модел од еднобојна или вискозна плетенина, останува на вас, наше е да ви ги предложиме најдобрите модели од вискозна плетенина за ова лето.