Не само музичка, туку и модна икона: Македонското девојче одржа лекција по мода во Венеција

Македонското девојче, Каролина Гочева овие денови ужива во убавините на Венеција. Пејачката на ова патување е со нејзиниот сопруг Михаил Корубин, а поводот е 60-то издание на Венецијанското уметничко биенале.

Каролина објави неколку фотографии со неколку различни изгледи. Пејачката очигледно внимавала и со што ќе се прошета низ Венеција, па изгледите ги прилагодила и на временските услови.

„ 3 дена во Венеција и 3 годишни времиња“, напиша пејачката.

„И едно Срце големо убаво Македонско“, „Не само музичка, туку и модна икона“, „Бебо, нема помодерна од тебе“, се дел од коментарите на фотографиите.

Фото: Инстаграм

Михаил ѝ го открива светот на уметноста на својата љубов: На кој светски настан се?