Не сакам да ја видам: Свекрвата ја навредила снаата користејќи ги внуците

Мајка од Србија објави на социјалните медиуми ужасна работа што и ја направела нејзината свекрва зад грб.

Извесна Јасмина го објави искуството со нејзината свекрвата во една група за мајки.

„Ние не живееме во ист  град со свекрвата, се гледаме, можеби еднаш месечно. Нејзината врска со мојот сопруг, нејзиниот син, не беше нешто најсветла и пред овој инцидент. Кога ја добивме нашата трета ќерка, таа дојде да нè посети и беше многу непријатно изненадена што нашите две постари ќерки не ја препознаа. Веднаш потоа, таа почна да се жали зошто сè уште не сме им ги дупнале ушите на девојчињата за да им ставиме обетки. Не беше прв пат таа да се навреди. Ние секогаш и кажувавме дека ќе го сториме тоа кога нашите ќерки ќе бидат доволно големи за да си кажат дали сакаат или не“, вели мајка Јасмина и додава:

„Еден ден свекрва ми ги однесе на прошетка децата за да можам да се вратам дома со своето бебе. Со нив беше и сестрата на мојот сопруг, која ми призна дека свекрва ми се обидела да им ги дупне ушињата на ќерките, но за среќа златарката одбила бидејќи нивната мајка не била присутна. Сега сум подготвена повеќе да не ја видам“, напиша лутата мајка.

Под нејзиниот коментар во групата за мајки едни и пишуваа дека треба веднаш да престане да комуницира со свекрвата, бидејќи истата не ја почитува.

Додека други и предложија да каже дека некој познат ги видел во златарницата, па да види каква ќе и биде реакцијата на свекрвата.

Што би направиле Вие во оваа ситуација?