„Не можам да гледам видеа од злоупотреба на деца“: Беквалac објави семејна слика и испрати силна порака

- Никој не е слободен ако не сме сите слободни и никој не е заштитен ако не сме сите заштитени - напиша Наташа

Пејачката Наташа Беквалац се огласи на социјалните мрежи и објави семејна фотографија со силна порака.

Имено, Наташа на својот Инстаграм профил сподели слика со нејзиниот татко Драгољуб и мајката Мира како и сестрите Кристина и Драгана.

Таа на своите следбеници им откри дека е многу вознемирена од крајно вознемирувачкото видео од насилство врз девојче на возраст од околу 3 години кое се појави пред неколку дена на социјалните мрежи, како и видеото на кое татко ја тепа и клоца својата ќерка на тениско игралиште...

- Многу сум потресена деновиве. Ги гушкам и бакнувам децата посилно од кога било. Не можев да го гледам видеото од злоупотреба на децата, по неколку секунди исклучив. Не можев да го гледам целото видео од претепувањето на девојката на тенискиот терен, врескав. Денеска сум со мама и тато со децата, сфатив дека одамна ги немам видено, а секогаш имам некоја пречка пред мене, а ништо не ми е пред семејството. Некако после сè што видов деновиве почувствував потреба да си одам дома. Кај мама и тато во Нови Сад – напиша пејачката и додаде.


- Ве молам пријавете. Ве молам не молчете. Ве молам, не дозволувајте да се слува пред вас, и да не е „ваш проблем“ ве молам...и ве сакам. Никој не е слободен освен ако не сме сите слободни и никој не е заштитен доколку сите не сме заштитени. Ретко објавувам слики од мама и тато затоа што не сакаат. Сега објавувам затоа што јас сакам. Мамо и тато, Кико и Гага, ве сакам - заврши пејачката.

Извор: www.telegraf.rs