Не е на диета: Александра Пријовиќ ја призна тајната на нејзината витка линија

Популарната пејачка има многу витка линија и со леснотија ги носи најпребирливите комбинации, а истакнува дека не е на некоја посебна диета

Пејачката Александра Живојиновиќ, која јавноста сè уште ја знае по моминското презиме Пријовиќ, пред неколку вечери настапи во еден познат белградски клуб.

Таа за оваа прилика избра тесна модна комбинација која ја истакна нејзината витка линија, за која вели дека не е резултат на посебна диета, туку последица на нејзиниот начин на живот.

- Не сум на никаква диета за да бидам витка. Бев на диета некое време, а после тоа едноставно не ми треба храна како порано. Јадам многу малку, апетитот ми е намален и затоа сум слаба. А малку јадам затоа што не стигам – признала пејачката.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandraprijovic)


Истакна и дека прави сè за да ги избалансира бројните обврски.

- Постојано настапувам, малку сум уморна од тоа темпо, но се трудам да одморам колку што можам и да постигнам сè - вели Александра.

Таа откри и дека заедно со нон-стоп настапите и семејниот живот, моментално работи на нов албум, но дека не брза.

- Веќе почнав да работам на новиот албум, засега се готови три песни. Не сакам да брзам со изборот на песни, мислам дека за неколку месеци ќе ги најдам сите песни што ми одговараат и „лежат“ – истакна таа и откри дека повторно ќе има песна потпишана од нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ.

- Филип повторно ми напиша песна, воодушевена сум, сите дури и заплакавме кога ја слушнавме. Ако ја споредам со песната „Zvuk tišine“, што ја направи исто така тој, морам да признаам дека оваа е подобра. Мислам дека успеа да се надмине себеси и дека оваа песна уште повеќе ќе ѝ се допадне на публиката - вели Александра.

Извор: glossy.espreso.co.rs