Наташа Пирц Мусар стана првата жена претседателка на Словенија: Вози мотори и собира фигури од бувови

Во вториот круг од претседателските избори во Словенија, Наташа Пирц Мусар го победи противкандидатот Анже Логар. 

-Сакам Словенија да стане земја во која младите ќе сакаат да останат, изјави Пирц Мусар, која е активна на социјалните мрежи, иако има многу помалку следбеници од нејзиниот претходник. 

Новата претседателка е адвокатка, поседува три фирми и собира фигури од бувови, кои ги сака бидејќи симболизираат мудрост.

View this post on Instagram

A post shared by (@natasa.pirc.musar)


Наташа Пирц Мусар стана првата жена претседателка на Словенија, а целта ја постигна без партиската инфраструктура која го поддржа нејзиниот противкандидат.

Родена е во 1968 година во Љубљана во работничко семејство. Детството го поминала во Камник, а сега живее во Радомље.

Дипломирала на Правниот факултет во Љубљана во 1992 година, а 23 години подоцна докторирала на Правниот факултет во Виена.

Првата работа ѝ била на националната телевизија, а по шест години се преселила во ПОП ТВ. Во јули 2004 година, Националното собрание ја избра за прв пат за Комесар за информирање, а вториот петгодишен мандат на оваа функција го заврши во 2014 година. Оттогаш таа се занимава со адвокатура.

Како и Борут Пахор, таа е активна и на социјалните мрежи, иако има многу помалку следбеници од него. 

View this post on Instagram

A post shared by (@natasa.pirc.musar)


Дома има две чивави и колекција фигури од бувови кои ги собира веќе дваесет години. Таа вели дека ја сака оваа птица бидејќи е симбол на мудроста. Нејзиното хоби е боче, како и возење мотор.

View this post on Instagram

A post shared by (@natasa.pirc.musar)


Има 273.000 евра заштеда во банка и финансиски вложувања, поседува 145 акции на „Крка“, вредни нешто повеќе од 62.000 евра по курс од петокот.

Сопственик е на три фирми, и косопственик на семејната куќа во која живее со сопругот Алеш и синот Макс.


Алеш Мусар се збогатил на почетокот на приватизацијата на државните фирми, но Наташа Пирц Мусар тврди дека целото богатство е заработено чесно и законски. Тие го имаат синот Макс, кој е студент по машинство. Од неодамна живеат во Радомље, на северот на Словенија.

View this post on Instagram

A post shared by (@natasa.pirc.musar)


извор:rts.rs