Нашата планета од денес брои 8 милијарди жители, а ова бебе влезе во историјата (ВИДЕО)

Светот од денеска, според проценките на ОН, има 8 милијарди жители, а до таа бројка нè доведе бебето Винис Мабансаг, родено во Манила.

Девојчето Винис Мабансаг е родено во „Др. Хозе Фабела Меморијална болница“ во Тондо на 15 ноември, а таа е избрана за осум милијардити човек на светот.

- Само што бевме сведоци на осум милијардитото бебе во светот на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, стигнавме во 23 часот, а бебето се роди во 01:29 часот, на вообичаен начин - изјави д-р Ромео Битуин, главен лекар на болницата.



Првиот познат скок во бројот на населението се случил со појавата на земјоделството во неолитот, околу 10.000 п.н.е.

Развојот на постојаните населби донесе и одредени ризици. Припитомувањето на животните ги доведе луѓето во контакт со нови смртоносни болести.

Смртноста меѓу децата била особено висока, при што една третина од нив умреле пред првиот роденден, а друга третина пред нивниот осумнаесетти роденден.

Од шест милиони жители во тоа време, глобалното население порасна на 100 милиони околу 2000 година п.н.е., а потоа на 250 милиони во првиот век.


Црна смрт

Растот на населението ненадејно беше запрен од чумата во средниот век. Пандемијата која започна од Централна Азија, од областа на денешен Казахстан, пристигна во Европа во 1346 година со бродови што превезуваа стока од Црното Море.

Осум милијарди луѓе

Експлозијата на населението започна во 19 век, главно поради развојот на медицината и индустријализацијата на земјоделството што го подобри глобалното снабдување со храна.

Од 1800 година, бројот на жители на Земјата пораснал осум пати, од една милијарда на осум милијарди.

Клучен беше и развојот на вакцини, особено против сипаници.

ОН објавија дека, иако беа потребни 12 години за светската популација да порасне од 7 на 8 милијарди, ќе ни треба до 2037 година да достигнеме 9 милијарди, што е знак дека „вкупната стапка на раст на глобалното население забавува.


Фото: Твитер