Најубавата турска актерка со години била силувана од сопствениот татко: Мајка ми не ми веруваше, едвај го преживеав детството

Мелиса Донгел е една од најпознатите млади турски актерки, а на македонската публика најмногу ѝ е позната од сериите „Немирно лето“, „Наша приказна“ и „Елиф“. Денес, оваа 23-годишна девојка ужива во славата, успехот и добриот живот, но не било секогаш така - имала многу трауматично, тешко детство.


Во јули 2021 година, Мелиса покрена правна постапка против нејзиниот татко и почна да го презема старателството над нејзината помлада, тогаш 17-годишна сестра. Причината зад ова е прилично шокантна - имено, актерката како тинејџерка била жртва на сексуална злоупотреба од страна на нејзиниот татко, а сакала да се избори и нејзината сестра да не ја доживее истата судбина.

„Уморна сум од животот во кој се преправам како ништо да не се случило. Едвај го преживеав детството. Мајка ми не ми веруваше. Ми велеше: „Не оди во полиција, ќе го затворат татко ти, потоа ќе го ослободат и тој ќе те убие“, откри познатата убавица.

View this post on Instagram

A post shared by (@melisadongel)


Мајката на Мелиса навистина јавно призна дека не верувала во тврдењата на нејзината ќерка: „Ќерка ми пред две години ми кажа дека татко ѝ ја малтретирал, но јас не верував бидејќи никогаш не го видов тоа. 

Таа доби огромна поддршка од турската јавност, па дури и беше отворен хаштагот #MelisaDöngelYalnızDeğildir (Мелиса Донгел не е сама). Но, тоа не го промени нејзиното минатото - оваа Турчинка со години одела на психотерапија за да се избори со траумата.

View this post on Instagram

A post shared by (@melisadongel)


"Во куќата секогаш имаше насилство. Нѐ удираше и нѐ шамараше за секоја ситница. Ми ја скрши раката само затоа што отидов во парк со другарка ми", откри Мелиса и додаде дека малтретирањето почнало во средно училиште, но дека не можела порано да реагира и да каже што се случува, од страв.

"Не можев да кажам бидејќи татко ми постојано ми се закануваше дека ќе ми стави крај на актерската кариера и дека нема да ме пушта да одам на училиште. Дури се обидов да се самоубијам. Не се сеќавам колку пати бев хоспитализирана. Потоа зажалив и се запрашав : 'Зошто си го правам ова себеси?' Но, не можев да се воздржам“, изјави актерката.

извор:zena.blic

Турската актерска двојка од „Немирно лето“ - љубовта од филмскиот сет ја пренесоа во реалниот живот

Чистел тоалети, работел како келнер, а денес е најпосакуваниот актер: Дамите лудуваат по него, а тој ја сака оваа колешка (ФОТО)

Ниту Бред Пит не може да ѝ одолее на оваа фатална турска актерка: Доста му е од жените од Холивуд (ФОТО)