Најмодерниот модел на џинс за 2024г: Фармерки кои се вистинско освежување и ја свртеа играта (ФОТО)

Најмодерните фармерки во 2024 година ќе бидат вистинско освежување – тоа се сиви фармерки! Оваа година, сивиот тексас ќе има предност пред класичната сина или црна боја. Доволно е да ги погледнете најновите ревии од Модните недели ширум светот и да видите како е претставена оваа нијанса на фармерки.


Фармерките се еден од основните елементи на секоја гардероба, а доколку сакате да направите малку пресврт оваа сезона, одберете ги оние во сива боја.



Сивите фармерки се еден од најголемите трендови во годината, а освен што внесуваат нов шмек во вашиот стил, ќе откриете дека се однесуваат исто како обичниот тексас - одат буквално со сѐ.


Се носат различни нијанси на сиво - од најсветло до најмрачно, а нема правила кога се во прашање моделите; никогаш во историјата на модата не сме имале толку многу различни кроеви и сите тие се многу пожелни. Фармерки со широки ногавици, со низок струк или длабок струк, тексас здолниште или јакна - не е важно, се додека фармерките ви се сиви!


Ги сакаме овие трендови - евтини, практични и разновидни, погодни за секоја жена, а ако сè уште сте на мисла дали да земете сиви фармерки, разгледајте ја нашата галерија, фотографиите на трендсетерки во ова парче ќе ве убедат дека тоа е вистинската одлука !


фото: пинтрест