„Момчето ти е...БИИП“: Девојка праша како да ѝ каже на другарката дека саканиот ја изневерува“, поради одговорите кои ги доби се крена вистинска бура

Момчето на другарка ти е неверен. Го знаеш тоа, но не си сигурна како да ѝ кажеш. Следниот логичен чекор е да го напишеш тоа на Твитер бидејќи има одговори на секое ваше прашање, па дури и на: „Како итно да ѝ кажеш на другарката дека момчето ја изневерува?“

Дознавте дека момчето на вашата пријателка ја изневерува и сега треба да донесете важна одлука дали ќе и кажете или не. Ако одлучите да и кажете, мора да знаете дека тоа има одредени последици, но може да биде и проблем, дури и ако молчите. Ова е веројатно една од најголемите дилеми кога е пријателството во прашање, па поради тоа една девојка решила да побара совет на Интернет. Поточно, на Твитер, бидејќи знаеме дека таму секогаш има „одлични совети“, а често се најде и некој со исто искуство, па на сите им е „полесно“.

Една Андреа постави прашање кое гласи „Како итно да и кажеш на пријателка дека  момчето ја изневерило“, па да видиме што напишале твитерџиите.

„Со зборови“, „Ти и се јавуваш и ѝ кажуваш: „Дечко ти е пи**а“, „Однеси ја на место каде што бившиот ќе биде со новата“, „Би било убаво да имаш некаков доказ да и покажеш. затоа што некој кога е навистина заљубен нема да поверува и само ќе се скарате, не мора да значи, но најчесто е така ...

Имаше и пар твитерџии кои беа против да се каже вистината, бидејќи, како што велат, искуството ги научило да молчат во вакви ситуации.

„Нема шанси .... молчи. Ти ќе бидеш крива. Од искуство“ .

„Искуството ме научи да не се мешам. Отсекогаш сум го извлекла подебелиот крај", губиш, а таа дури и ќе стои до него повеќе како да е единствениот на светот“...

Туку, што би ѝ рекле на другарка ви ако знаете дека нејзиниот партнер ја изневерува?