„Моето македонско сирење“: Најпознатата Кенијка кај нас и сопругот Михајло слават годишнина

Најпознатата Кенијка кај нас Емакулате, во свој хумористични стил му честиташе годишнина на сопругот Михајло.

„Овој човек е се‘ што посакувам кај еден маж па и повеќе, моето македонско сирење, среќна 4-та годишнина“, напиша Емакулате, или Емм како што се пишува на социјалните мрежи, но така ја викаат и сите оние кои ја познаваат, на Инстаграм стори честитајќи му годишнина на сопругот.

А, додека на објава на Инстаграм со истата фотка од сторито напиша: „Тој не е само мој човек, тој е мојот дом, мојот мир, моето срце и моето безбедно место. Среќна 4-та годишнина љубов моја.

Пред помалку од година дена, Емакулате Блажеска за Женски магазин сподели како е да се биде снаа на Македонци, каде се запознале со сопругот, дали се навикнала на Македонија... целото интервју со Емм читајте го ОВДЕ.


Фото: Инстаграм