Младоженецот (26) прооде на свадбата: Во моментот кога стана од количката никој не остана рамнодушен (ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО)

На свадбената церемонија присуствува околу 200 гости, а никој од нив не остана рамнодушен

Осум години откако Крис Нортон се здоби со повреда играјќи американски фудбал поради кој остана неподвижен, 26-годишникот ѝ го кажа судбоносното „ДА“ на својата вереница Емили Самерс.

Крис, кој сега е мотивациски говорник, ја запознал својата сопруга во 2013-та година и Емили открила дека веднаш ја привлекла Крис и неговата животна приказна. На свадбената церемонија присуствуваа околу 200 гости, а никој од нив не остана рамнодушен кога младоженецот потпрен на неговата сопругата, стана од инвалидската количка и прошета веднаш по венчавката.

Ова предизвика громогласен аплауз, а многумина не ги криеја солзите. Погледнете како изгледаше овој трогателен момент во 16:30: