Митевска: Здравјето на децата и заштита на природата силен мотив да преземеме климатска акција

Слободанка Митевска и нејзиното семејство се светол пример на домаќинство кое се приклучи во кампањата за преземање на #КлиматскаАкција.Со многу труд, посветеност, дури и без да користат субвенции го реорганизираа својот дом кој го грееле на дрва, имале високи месечни сметки и возеле старо дизел возило кое многу загадува. Митевска, слободно можеме да ја наречеме климатски херој од соседството. Таа го сподели  примерот на сопственото домаќинство и се вклучи во кампањата „Климата се менува, зошто не и ти?“, покажувајќи како може секое домаќинство со мали промени да даде свој придонес кон намалување на штетните ефекти врз животната средина и климата. Слободанка како жена од акција водена од желбата да обезбеди подобри услови и поздрава животна средина за своето семејство покажува дека е возможно и со скромен буџет, подигнување кредит и поддршка од најблиските да се вложи во одржлива иднина. Со тоа упатува јасна порака дека мерките како поставување на сончев колектор, користење на поеколошки транспорт, изолирање на домот и подобрување на енергетската ефикасност се мерки кои би можело да го примени секое домакинство а резултатите би биле бенефит за сите. 

Разговараше: Христијан Станоевиќ

КлиматскиПромениМК: Што ве мотивираше да преземете конкретни чекори за климатска акција во вашиот дом?

Митевска: Неколку работи, но најмногу здравјето на моите деца. Живеевме во неизолирана куќа, се греевме на дрва, зимно време бевме стиснати во една соба која ја греевме. Остатокот од куќата беше мраз, вклучувајќи го тоалетот и спалните соби. Со сопругот работиме на смени, и често се случуваше огнот да згасне. Децата мораа рано да научат како се пали оган. Печката на дрва ја гледав како најголем непријател...секој пат која ќе ја отворевме вратата да ставиме дрва замислував како чадот што излегува полека ги труе моите деца.

Свесна бев дека многу енергија залудно се троши, но и дека таа енергија го загадува воздухот и внатре и надвор. Без разлика дали ќе пружам алишта внатре или надвор, мирисаа на чад. Живеам во населба во Скопје каде нема централно греење, каде сите околу мене најчесто се греат на дрва.

Целата сторија за Слободанка Митевска и нејзиното семејство и за нивниот светол пример на домаќинство кое се приклучи во кампањата за преземање на Климаткса акција, читајте на Фактор