Мики Јовановски- Џафер со награда за трајни вредности на „Бубамара“

Музичарот Мики Јовановски- Џафер ќе ја добие наградата за трајни музички вредности на популарната манифестација „Златна Бубамара на популарноста“. Дваесет и втората по ред “Бубамара“ ќе се одржи на 21 февруари, во ВИП Арената „Борис Трајковски“. 

„ Оваа престижна награда е всушност потврда за  музичкиот траен печат што Мики Јовановски-Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и на рок-музиката. „Лага и измама“,„Под Пелистер“, „Одам на југ“,„Мики мој“, и  незаборавната  „Сонце за три света “, влезе во историја на македонската  музичка сцена“, велат од тимот на радио „Бубамара“. 

Годинешниот слоган на манифестацијата е „Да се предадеме! На музика,забава и смеење – Откако се одадовме, на лажење, крадење и неверства“. 

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре (среда) на пладне преку Мк тикетс и во “Југотон“.