Меган Фокс бара нова љубов на Инстаграм: Коментарите експлодираа

Меган Фокс дефинитивно знае да направи хаос и да предизвика лавина од коментари

Сите се прашуваат дали „фаталната“ љубов на Меган Фокс и Машин Ган е веќе завршена? Никој веќе не е сигурен, откако познатата актерка објави фотографија со чудниот натпис подолу.

Пишува дека бара девојка и дека сите пријави треба да и се испратат во dm. Само неколку минути по објавата, лајковите и коментарите експлодираа, а многу фанови се обидоа да ја поднесат својата пријава.

View this post on Instagram

A post shared by Megan Fox (@meganfox)



Меган и Машин се во врска од 2020 година, две години потоа имаа „ритуална“ свршувачка и не толку долго потоа станаа пар од кој на сите им беше преку глава затоа што постојано ја истакнуваа љубовта еден кон друг преку социјалните мрежи.

Сепак, оваа објава на Инстаграм ги натера многумина да се сомневаат што се случува во нивната врска.

Многу фанови веќе составија апликација, мотивационо писмо, препорака, сето тоа како апликација за работа. Тој вид на интерес може да оди чекор подалеку, каде што Меган всушност ќе ги разгледа сите тие огромни апликации.

Иако сето ова е шега, Меган отворено зборуваше за својата бисексуалност и во неколку наврати изјави дека ниту еден маж не може да ја натера да биде нешто што не е.


ФОТО: 

Printscreen/Youtube