Марија Петровска со емотивна порака за семејството: „Ова е моето најтешко збогување“

Некогашната водителка и новинарка Марија Петровска, која речиси една деценија живее во Словенија со нејзиниот партнер, Михаел Сказа и синчето Домен секоја прилика ја користи да го посети своето семејство во Тетово. Родителите и пријателите со нетрпение ја очекуваат секоја заедничка средба, особено откако пред нешто повеќе од 10 месеци пристигна и најмалиот член на семејството на кој му се раздуваат безусловно.

Сепак радоста е голема кога се вели здраво, но најтешка кога се вели збогум. Токму тоа се случи и овој пат, а Марија овие моменти ги овековечи и објави на социјалните мрежи за да ги сподели со своите следбеници.

Некогаш разделбите се навистина тажни но мислата за следно видување е она што ја надминува секоја тага.


Фото:facebook