Мајка покажа како и изгледа стомакот 14 часа по породување: „Во шок сум колку време му треба на телото да си дојде на свое“

Нека не ве лажат фотографиите на познатите дами како Кејт Мидлтон кои изгледаат совршено само неколку часа по породувањето... Ова обично не е така и на повеќето жени им треба многу повеќе време за да ги вратат работите во нормала, а тоа со својот пример решила да го покаже и тиктокерката Роуз Гонзалес.

Роуз ја родила својата ќерка во 2021 година, но дури неколку месеци подоцна објавила видео на кое се гледа како нејзиниот стомак изгледал 14 часа по породувањето, а потоа две и пол недели подоцна.

@roosie25 Let’s start this weight loss journey! #postpartumrecovery #postpartumbody #postpartumweightloss Believe Me - Navos


Веднаш по породувањето, стомакот на Роуз изгледал како никогаш да не се породила, но полека но сигурно се смирил и стана помал, што јасно се гледа на сликите направени неколку дена и недели подоцна.


Гонзалес истакна дека сакала да ја прикаже реалноста, нефилтрирано и без криење, за да ги освести идните мајки дека стомакот најверојатно ќе им остане голем во деновите по породувањето, но и дека тоа е сосема нормална и природна појава, бидејќи на телото му треба време да се опорави.

@roosie25 We are now starting week 7 postpartum! #postpartumrecovery #postpartumweightloss #postpartumbody TWINNEM - Coi Leray


Искреноста на оваа жена ја воодушеви публиката на TikTok, а видеото беше прегледано над 9 милиони пати и беше преплавено со позитивни реакции и коментари. 

„Се надевам дека жените сфаќаат дека ова е реално“, „Благодарам за ова, беше отрезнувачки и утешно“, „Браво, неопходно е да се покаже дека секое тело е различно“, „Шокантно е колку луѓе всушност не знаат дека стомаците не си одат веднаш“, се дел од коментарите.


Foto:TikTok / screenshot