Ламбе Алабаковски клекна на колена: Ја отпеа „Бисер балкански“ на концертот „Легендите живеат вечно“

Фантастичен концерт се одржа викендов во Филхармонија. Под мотото „Легендите живеат вечно“, македонските пејачи им оддадоа почит на легендите на македонската музика, пеејќи ги нивните песни. 

„Бисер балкански“, „Љубов неверна“, „Ај затвирете ми чалгии“, „Моја серенада“... се редеа евергрин до евергрин испеани од амара Волческа, Наде Талевска, Ламбе Алабаковски и Ивона Јо, во придружба на камерен оркестар и придружни вокали и дуо труба и хармоника во песните на Есма и Гоце Николовски. 

Публиката пееше заедно со пејачите и се создаде носталгична атмосфера, како и потсетување на тоа какви квалитетни песни сме имале.

Кај ко сите, така и ламбе брилираше на крајот, кој клекна пред присутните и ја отпеја  „Бисер балкански“, „Дали чекаш стара мајчице“ и „Заветна“

Фото: Вангел Тануровски