Комплетна трансформација на денот на венчавката: Албански шминкер прави вистински принцези од невести (ФОТО)

Фотографиите направени на денот на венчавката остануваат вечен спомен и затоа невестите не оставаат ништо на случајноста.

Повеќето жени сакаат да изгледаат убаво и негувано секој ден, но денот кога сакаат да изгледаат најубаво, да се чувствуваат посебно и да направат вистинска трансформација е денот на нивната венчавка.

Фотографиите од денот кога го кажуваат „судбоносно да“ остануваат во вечно сеќавање и затоа невестите не оставаат ништо на случајноста. Така, за овој ден најчесто се ангажираат професионалци, а најважни, кога станува збор за изгледот на невестата, се фризер и шминкер, кои создаваат најголем дел од магијата.

Еден од нив е Арбер Битичи, познат шминкер со албанско потекло, кој својата работа како шминкер ја насочи кон разубавување на невести.
Судејќи според фотографиите, тој навистина добро ја знае оваа работа. Споделува фотографии од невести на својот Инстаграм профил, направени на денот на нивната венчавка со и без шминка, а промената е навистина неверојатна.

View this post on Instagram

A post shared by Arber Bytyqi (@arber_bytyqi_mua)


Иако секоја од нив е потполно уникатна и убава на свој начин, тие се претвораат во вистински принцези од вештите раце на овој шминкер.

Погледнете ги трансформациите во галеријата: