Која е новата сопруга на Канје Вест: Кога ќе ја видите, сѐ ќе ви биде јасно

Канје Вест се ожени со Бјанка, а веста ги изненади сите негови фанови со оглед на тоа што не поминаа ни 2 месеци од разводот со неговата поранешна жена Ким.

Канје Вест се оженил со архитектката Бјанка Ценсори само два месеци откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан.

Се чини дека раперот се венчал на приватна церемонија со Бјанка, а парот бил забележан како носи венчални прстени, пренесува Дејли мејл.

Сепак, се чини дека нивниот брак не е сосема легитимен бидејќи парот не поднел барање за извод од венчаните Не е ни познато колку парот се забавува со оглед на тоа дека Канје „до вчера“ беше со друга девојка, извесна Јулијана Нала.

View this post on Instagram

A post shared by LET'S TALK MUSIC (@hot_tones)



Минатиот месец Канје ја „почести сопругата“ со нова песна, а во текстот откри дека биле во целибат пред да се венчаат:

„И Библијата вели, не можам да имам секс до бракот“.

Во песната се најде и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан, која рече:

„Не можам повеќе да го правам ова, знам дека сето тоа е поради титулата, затоа што таа сака да си замине...“

 FOTO: TMZ / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA


Во понеделникот Канје е виден во ресторан како руча со својата нова „сопруга“ Бјанка.


Новите фотографии покажуваат како Бјанка ја бојадисала нејзината долга црна коса во платинеста русокоса. Изгледа дека новата сопруга многу го копира изгледот на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Во галеријата подолу погледнете ја неверојатната сличност помеѓу поранешната сопруга на Канје и сегашната сопруга: