Кој актер ќе го игра Елвис Присли на големото платно?

По многу аудиции, продуцентот Баз Лухрман издовои четири финалисти кои се натпреваруваа за улогата на легендарниот Елвис Присли.

Во прашање се прочуените млади ѕвезди Хари Стајлс, Ансел Елгорт, Мајлс Телер и Остин Батлер. 

Изборот падна на Остин, а покрај него, во филмот ќе се појави и Том Ханкс, во улогата на менаџерот на кралот на рокенролот.