Ќе зема плата од 47 илјади денари месечно, ќе биде помошник во инспекторатот: Еве каков профил бара Градот Скопје

Ќе вработува Градот Скопје. Се бара помошник раководител на сектор во Инспекторатот на Градот Скопје, а ќе зема плата од близу 47 илјади денари. 

Преку Агенцијата за администрација Градот Скопје распиша оглас со кој се бара овој профил на кадар, кој треба да има ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, високо образование, но и најмалку четири години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку една година како инспектор. Повеќе на Фактор.мк


Фото: Youtube - Printscreen