Ќе се стопира неконтролираното пушење по локалите и кафаните: Пазарниот инспекторат пак е на терен - казните се многу високи

Ќе дојде ли крај на „раскалашаното“ пушење, кое во послдениве години „цутеше“  во речиси сите угостителски објекти во земјава, со разно разни изговори, од тоа дека објектот е тераса, или некаков вид на заградена бавча, што во никој случај не беше тоа, а и со правење на своевидни проветрувања одвреме навреме.

Но, факт беше дека речиси секаде се пушеше, а кога ќе си дојдевте дома од забавите во клубовите, локалите или од посетите на кафеаните, вашите алишта без исклучок мирисаа на чад од цигари.

Многу граѓани до Пзараниот инспекторат испратиле бројни претставки токму за пушењето во затворени простории, а новиот директор на таа институција, според нашите сознанија, решил да стави крај на неконтролираното пушење во објектите. Или, со еден збор, законите да се почитуваат, а цигарите да се пушат онаму каде што им е местото, надвор од затворените простории.

Токму во последниве денови имало сериозни контроли врз основа на Законот за заштита пушење низ многу угостителски објекти во земјава.

Фактор постави прашање до Пазарниот инспекторат дали можат да ни дадат детали колку контроли се направени, што е најдено, колку казни има, колкави се казните, и кои стриктно услови треба да ги почитуваат угостителите.

За период од пет дена, направени се дури 200 инспекциски надзори. Дури 56 прекршоци се утврдени, велат од Пазарниот инспекторат, и се издадени прекршочни налози. Повеќе на Фактор.мк


Фото: Youtube - printscreen - TV 21