Каква жена: Анџелина Џоли во Украина

Анџелина Џоли, американска актерка, режисер, модел и амбасадор на добра волја, посети кафуле во станбена населба во Лавив. Новинарката Маја Пидородецка ја објави веста на Фејсбук.


„Ништо посебно. Само Лавив. Само отидов да се напиеме кафе. Само Анџелина Џоли. Само Украина е поддржана од целиот свет“, напиша таа.

Укринформ побара од властите дополнителни информации во врска со посетата на Џоли на Украина.

Според пишувањата на медиумите, холивудската актерка кон крајот на март неочекувано ја посетила болницата во Рим, каде што се запознала со семејството на Артем, украинец болен од рак.