Ја критикуваат дека се здебелила: Пејачката им одговори генијално и откри дека има „проблем“ кој мачи многумина

Фото: HEM / BACKGRID/ Backgrid USA Profimedia

Пејачката Селена Гомез повторно е критикувана поради својот изглед. Таа им одговори на тие коментари на нејзиниот сега препознатлив начин.

Откако Селена Гомез се појави на доделувањето на Златните глобуси во Лос Анџелес, следеа негативни коментари за нејзиниот изглед.

„Во моментов сум малку поголема затоа што уживав за време на празниците“, рече Селена за време на интервјуто за доделувањето на наградата, а потоа се сврте кон маќеата Грејс и со насмевка ја праша: „Точно?“.

Таа на крајот рече: „Ама не ми е гајле“.

Пејачката и актерка изгледаше прекрасно во фустан на Валентино, а во интервјуто откри дека ја мачи истиот „проблем“ со кој се борат многу луѓе во овој период од годината - вишокот килограми по празниците.


Со оглед на нејзиниот однос кон критиките и нејзината тежина, зборот проблем дефинитивно мораше да биде во наводници.

Селена и претходно беше критикувана за нејзината тежина, а минатата година на ТикТок остро ги осуди ваквите коментари, посочувајќи дека за витката линија не вреди да се откаже од омилената храна. Таа привлече големо внимание и со изјавата дека на своето поранешно момче Џастин Бибер, кој повеќе сака да излегува со манекенки, изгледа премногу обично.


Фото: Профимедиа/Инстаграм

„Денешните стандарди за убавина се неподносливи! Таква сум-каква сум, и не ми е гајле за килограмите“: Пејачката кажа сѐ што треба да мислат денешните жени