Иста и на 29, и на 37 години: Црвенокосата велешанка пред 8 години без тетоважи (ФОТО)

Годините не ја променија убавата црвенокоса

Велешанката Ноне Неделковска, отсекогаш важела за една од најубавите пејачки на македонската музичка сцена. „Џебната венера“ веќе 10 –тина година работи на бродови кои крстарат низ светот, а нејзиниот Инстаграм профил е полн со фотографии од најразлични дестинации кои има можност да ги посети.

Овој пат објави две фотографии за споредба, односно како изгледала во 2015-та,а како во 2023-та година. Скоро и да нема некоја разлика, иако се поминати цело осум години. Единствено на постарата фотографија ги нема тетоважите кои сега се заштитен знак на оваа убава црвенокоса.