Имала 14 спонтани абортуси, а потоа се случило чудо: Поранешната мисица мислела дека никогаш повеќе нема да стане мајка поради нејзината дијагноза (ФОТО)

Манекенката Розана Дејвисон и нејзиниот сопруг имаат три деца - ќерката Софија и близнаците Хуго и Оскар

- Нашите прекрасни и здрави еднојајчани близнаци, Хуго и Оскар, пристигнаа безбедно утрово и нашите срца ќе пукнат од љубов. Баш така станавме петчлено семејство и сите соништа ни се остварија – напиша Розана.


Инаку, таа имаше 14 спонтани абортуси, а претходно откри дека има проблеми со плодноста и лекарите ѝ рекле дека никогаш повеќе нема да може да има деца поради сомневање за дисфункција на имунолошкиот систем. Третманот не успеал и никогаш не очекувала дека ќе забремени.


- Се мачевме со четиринаесет спонтани абортуси во последните неколку години пред конечно да ја пречекаме Софија со помош на сурогат мајка. Ми кажаа дека веројатно никогаш нема да можам да носам сопствено бебе поради сомнителна дисфункција на имунолошкиот систем, што бројните медицински третмани не успеаја да го поправат – изјави манекенката.


Извор: www.najzena.rs