Имајте затегнато лице како Меган Маркл

Меган Маркл може да се пофали со затегнато и негувано лице, а верувале или не, нејзината тајна не се скапите третмани и козметички производи. Сопругата на принцот Хари има 38 години и ниту една брчка на лицето. Поранешната актерка во повеќе наврати зборуваше за нејзината страст кон фитнесот, убавината и здравиот начин на живот. Секој што е малку повеќе информиран за нејзиниот живот знае и за веганскиот режим на исхрана што го практикува, но и за фактот дека сака минималистичка шминка која не ги сокрива нејзините пеги.

- Правам вежби за лице кои ги осмисли мојата омилена козметичарка. Колку и да ви звучи откачено, има одредени гримаси кои доколку ги повторувате, навистина можете да го извајате своето лице на природен начин - раскажа Меган во 2014 година за магазинот „Birchbox“.

Во друга прилика Маркл призна дека секое утро ѝ почнува со вода со лимон.