Има жени кои ги сакаат само своите сопрузи, не се посебни тие мажи, туку тие жени

Душко Радовиќ беше поет, писател, новинар и афористичар. Роден е во 1922 година во Ниш, а починал во 1984 година во Белград.

Секојдневно се цитираат многу негови афоризми, а тој често пишувал и за чувствата и за машко-женските односи. 

1. „Оние што сакаат се будни, а оние што се сакани сè уште спијат“. 

2. „Маж е името на оној кој некогаш те сакал. Жена е името на онаа која сакала некој друг, но се омажила со тебе“. 

3. „Лесно е да ги сакаш оние што не те сакаат, обиди се еднаш да ги сакаш оние што те сакаат“.

4. „Фудбалот обединува два типа на мажи, оние кои немаат девојки и оние кои имаат жени“. 

5 „Храбри луѓе ја трескаат вратата кога ќе дојдат дома, кукавиците само кога ќе заминат“. 


6. „Некои веќе се разведоа, некои се разведуваат, а некои допрва треба, допрва треба да се венчаат“.

7. „Немој да се жениш поради ноќта, можеш да спиеш ноќе. Барај жена која ќе ги реши твоите проблеми во текот на денот“. 

8. Има жени кои ги сакаат само своите сопрузи. Ништо посебно не се тие мажи, но тие жени се“ 

9. „Додворувај ѝ се малку на жена ти - како да не ти е жена, како да има некој друг, како да може да избере.“ 

10. „Не верувај им на убави жени, тие се премногу убави за да бидат верни“.


Денеска пред потпишувањето на општинската свадба им се читаат неговите зборови на младенците за да ги потсетат што значи бракот и каков треба да биде. 

„Бракот е регулиран со закон само кога не може поинаку. Затоа не дозволувајте законот да го регулира вашиот брак.


Фото: unsplash